„34 години брачна идила“: Боба Живоиновиќ прозборе за бракот со Лепа Брена

Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешниот тениски ас, и три години помладиот сопруг на, според многумина, најголемата музичка ѕвезда на Балканот, ретко се појавува јавно и на социјалните мрежи.

Пред некој ден, 57-годишниот Слободан Боба Живоиновиќ беше гостин во емисијата „Што сум ти тебе и кој сум за себе“ каде откри многу работи за бракот со Лепа Брена, со која уживаат во заедничка љубов веќе 34 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Не ми пречи што добив „компир“ во вашата анкета, како што не ми пречи кога велат дека сум сопругот на Брена“, изјави Боба со насмевка.

Тој исто така го сподели советот што го добил и кој смета дека е „рецепт“ за успешен брак. За потсетување, тој е во хармоничен брак со пејачката во кој ги имаат синовите Стефан и Виктор.

„Откако почнаа проблемите со короната и заклучувањето дома, ние двајца бевме по 24 часа заедно. Тоа е однос што добива друга димензија. Пред извесно време бев две недели во Америка и гледам, необично ми е. Ми недостасува. Гледам и кај неа исто. Мислам дека по сè што ни се случуваше, откривме нешто посилно, посветло. Знаевме и претходно, но и сега откриваме дека тоа ќе трае“, искрено раскажа тој, додавајќи дека покрај љубовта во бракот мора да има и почитување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Што би рекла баба ми – ако земеме јаже и секој да влече на своја страна – што ќе се случи? Ќе пукне. А ако ти повлечеш, јас попуштам и обратно, тоа ќе трае. Истото важи и за пријателството, работата. Мораш некогаш да дадеш за да добиеш. А, за да го можеш тоа, мора да веруваш во себе. Со Брена сме заедно од 1987 година и еве издржуваме некако 34 години“, раскажа Живојиновиќ.

Целото интервју можете да го видите овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот