Изложбата „Без Простор“ на Селма Селман

Затворањето на осмото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, во организација на „Тиииит“, ќе се организира со изложбата БЕЗ ПРОСТОР” на уметницата Селма Селман во недела, 23ти август во 20 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Изложбата “БЕЗ ПРОСТОР” ја проблематизира особено деликатната и секогаш присутна тема на просторот: личен, колективен, телесен, ментален, емотивен, политички, женски, нерационален, креативен, реален, внатрешен, простор за емпатија, простор на преиспитување и преживување. Творештвото на Селман се карактеризира со интимност, јасност и моќност, а овие карактеристики се и принципите според кои е поставена и изложбата “БЕЗ ПРОСТОР” во Музејот на современа уметност во Скопје. Селма Селман (1991, Бихаќ, БиХ) е уметница со ромско потекло која живее и работи во Босна и Херцеговина, во САД и низ Европа. Главна цел на нејзините дела е да ги заштити женските тела и да им овозможи сеопфатен пристап до самоеманципација на опресираните жени. Досега изложувала на 58то Венециско биенале на уметноста, Италија (2019), во музејот Queens во Њујорк, САД (2019), на 3тиот Берлински есенски салон во театарот Maxim Gorki, Германија (2017); Kunstquartier Bethanien во Берлин, Германија (2016) и др. “БЕЗ ПРОСТОР” е прва изложба на Селма Селман во Скопје и во МСУ ќе остане отворена до 29ти август.

 На официјалното затворање на Фестивалот во недела, 23ти август во 20 часот во МСУ, свое обраќање ќе има Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски зашто ПРВО ПА ЖЕНСКО е отворена платформа каде феминистичките вредности и дебати се водат со сите актери во општеството без исклучоци, сѐ со цел подобрување на состојбата на женските права и родовите политики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот