Од Ковид-19 почина познат професор од Политехничкиот универзитет во Тирана

германија ковид
Ковид-19 / Фото: МИА

Битката со опасниот коронавирус доцна синоќа ја загуби познатиот професор Клемент Ќерими, од политехничкиот универзитет во Тирана.

Битката со опасниот коронавирус доцна синоќа ја загуби познатиот професор Клемент Ќерими, од политехничкиот универзитет во Тирана.

Тој веднаш по добиениот позитивен резултат бил хоспитализиран во Инфективната клиника, но последните денови му се влошила состојбата и бил интубиран.

Од него преку социјалните мрежи се простуваат голем број колеги, граѓани и студенти, кои го паметат како одличен педагог и искрен пријател.

Во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година целосно беше разрушена куќата на Ќерими, при што тој го загубил видот на десното око, кога врз него паднал дел од мебелот во куќата.

Професорот (47) е 201 жртва од Ковид-19 во Албанија и трет универзитетски професор.

Во неделата битката со опасниот вирус ја загуби Арбен Бајо(53), еден од најпознатите албански скулптори и професор на Академијата за уметности во Тирана.

Претходно како последица од коронавирусот почина и Арјан Пуши (57), познат хематолог, професор на медицинскиот факултет во Тирана, кој од самиот почеток на пандемијата беше вклучен во тимот на Инфективната клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот