329 нови случаи на ковид-19, починале 13 пациенти

ковид амбуланта
Ковид-амбулантно возило / фото: МИА

Нови 329 позитивни случаи на КОВИД-19 од 3045 тестирања, 200 оздравени и 13 починати се регистрирани во изминатите 24 часа, соопштија здравствените власти.

Дополнително, има пријавено уште петмина починати со дијагноза КОВИД-19 од системот Мој термин, во периодот од 20 септември до 2 октомври 2021.

Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новодијагностицираните 329, во Скопје се 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – девет, Tетово, Пробиштип и Кочани имаат по осум нови случаи, Битола – седум, Кочани и Гевгелија – по пет, Свети Николе – три, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по два и по еден нов случај на коронавирус имаат Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица. Шестмина од починатите се од Скопје (91, 88, 79, 78, 69 и 68), тројца од Велес (86, 72 и 57) и по едно лице од Прилеп (57), Тетово (64), Крива Паланка (78) и Куманово (74).Сите пријавени се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 20 септември до 2 октомври 2021 година. Двајца од нив се од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, и се на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови, а тројца во домашни услови.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 197 091 од направени 1.342.870 тестирања. Оздравени се 183.227 пациенти, починати 6.940, а активни случаи во целата држава има 6924 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот