31 лице повредено при земјотрес во Сечуан - Слободен печат
ВестиПланета

31 лице повредено при земјотрес во Сечуан

Вкупно 21 лице се хоспитализирани поради здобиените повреди.

Најмалку 31 човек се повредени во земјотресот со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди југозападната провинција Сечуан.

Вкупно 21 лице се хоспитализирани поради здобиените повреди.

Синоќешниот земјотрес бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Ибин, а утрово регистриран е уште еден земјотрес со интензитет од 4,6 степени на длабочина од 14 километри.

Серија силни земјотреси беа регистрирани во Сечуан на 18 јуни при што загинаа 13, а повредени беа над 200 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close