300 возачи се казнети во Скопје

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Во изминатите 24 часа, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.

„При контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 108 останати прекршоци. При контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци, додека во контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 12 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта. Сите 12 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи, а откриени се и 47 останати прекршоци“ извести МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот