30 скопјани се шетале за време на полициски час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тие од ОЈО се обвинети за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд денеска достави 28 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 30 лица, обвинети за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежните јавни обвинители му предложија на судот на обвинетите да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот