30% пониска закупнина на угостителските објекти за време на КОВИД-19!

АДСДП предложи намалување на закупнините на деловните простории во сопственост на друштвото во период на траење на мерките за заштита од КОВИД-19

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката- Скопје ќе и предложи на Владата намалување на закупнината на деловните простории на Друштвото, и тоа во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од вирусот КОВИД- 19.

На овој начин, закупците на угостителски објекти би плаќале 30% пониска закупнина на месечно ниво , а сите останати 20% пониска закупнина.Предлог мерката беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото. На овој состанок Генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата и последиците со кои што се соочуваат тие.

Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од 3 месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот