„30 години агонија“: Мајка сè уште трага по својот син кој исчезнал на грчкиот остров Кос

Keri Needham
Фото: Принтскрин / Youtube

Замислете да живеете со агонија триесет години и сите да ви кажуваат дека вашето дете е мртво, а да нема физички или форензички докази за тоа? Со надеж дека ќе пронајдете барем една трага од смрт или живот… За мајката на Бен Нидам, таквиот живот бил секојдневие од 1991 година.

Мистеријата за случајот со исчезнувањето на Бен Нидам трае веќе триесет години, а сè започнало кога ова 21-месечно бебе, исчезнало на грчкиот остров Кос, каде престојувало кај баба му и дедо му. Неговата мајка Кери, и покрај сите истраги и тврдења од страна на полицијата дека животот на нејзиниот син трагично завршил во несреќа, најверојатно предизвикана од багер кој работел на реновирање на куќата на нејзините родители, сепак верува дека нејзиниот син е жив.

Телото никогаш не било пронајдено

Бидејќи, кога нема тело, нема ни дело, па надежта сè уште постои. Затоа, таа сè уште трага по Бен, надевајќи се дека малото дете ќе се појави пред нејзината врата еден ден. Како што вели, ќе продолжи да го бара сè додека е жива.

„Сè уште имам надеж дека полицијата не е во право. Бидејќи, сè додека нема докази што ќе ми покажат, морам да верувам дека тој е сè уште жив. Нема докази кои докажуваат поинаку“, изјави таа во една прилика за „Дејли меил“.

Болката и тагата поради исчезнувањето на детето, ја натерале оваа мајка да се чувствува заглавена во времето, во 1991 година, и целото свое време го посветила на најважната и најтешката потрага во нејзиниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @everychildmatters

Детективи од Велика Британија

Обемната полициска потрага по малото момче кое исчезнало пред триесет години додека Кери била на работа во хотел, не донела никаква трага. Сепак, полицајците се сигурни дека детето починало од сплет на несреќни околности.

Пред 15 години, во потрагата се вклучиле и детективи од Велика Британија, посветувајќи три недели на детална истрага и преглед на теренот.

Мојот тим и јас знаеме дека машините, вклучувајќи и голем багер, биле искористени за расчистување на теренот на 24 јули 1991 година, зад куќата што ја градеа семејството Нидам. Моето професионално верување е дека Бен Нидам починал како резултат на несреќа во близина на куќата во Ираклис, каде што последен пат бил виден како си игра“, во тоа време изјавил Џон Казинс, полициски инспектор од Јужен Јокшир, Англија.

Истрагата, не помогнала да се пронајде телото на детето, но како што откриле, фаталниот исход за жал е неизбежен.

Мојот тим експерти предолго ги истражуваше сите настани што претходеле на тој инцидент и по него. Фактот дека при оваа посета на Кос немавме директен резултат, не ги исклучува фактите за кои знаеме дека се точни“, открил тој.

Сепак, детективот исто така изјавил дека истрагата нема да биде затворена, иако сите докази велат дека Бен починал. „Ние нема да застанеме во нашата потрага да најдеме дополнителни одговори за семејството на Бен“, откил тој.

Три децении агонија

За време на долгите години потрага и агонија низ кои поминува семејството Нидам, се појавиле лажни траги што ги воделе низ цела Европа. Имено, еден затвореник ги уверил дека детето е киднапирано од грчко семејство кое го однело надвор од островот. Овие обвинувања подоцна се покажале како лажни.

Исто така, Константинос „Дино“ Баркас, кој управувал со багерот за време на чистењето на имотот и реновирањето на куќата, починал во 2015 година, а како што сведочел и самиот, така и семејството на Дино тврделе дека не постои каква било можност за негово учество во трагичната смрт на детето. Сепак, во текот на годините на истрагата, сведоците со своите искази индиректно го посочувале како лице кое ненамерно го убил Бен, како поради неговото однесување на денот кога исчезнало детето, така и после тоа, за време на потрагата.

Британските власти испратиле истражители на Кос во два наврати, во 2012 и 2016 година. При потрагата, не биле пронајдени остатоци на детето. Биле пронајдени само кожни сандали и играчка, за кои се сметало дека му припаѓаат на Бен, но на нив немало ДНК на момчето.

Неколку години по исчезнувањето на Бен, Кери добила и ќерка, а денес има и две внуци, за кои вели дека покрај нејзиниот син, по кого трага веќе три децении, се сè што има во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот