30 дена притвор за тројцата Срби уапсени за воени злосторства во Косово

Основниот суд во Приштина им изрече мерка притвор во траење од по 30 дена на тројцата Срби уапсени за воени злосторства врз цивилното население во војната во Косово во 1998-99 година, потврди тимот на одбраната на осомничените.

Еден од адвокатите на обвинетите изјави дека неговиот клиент е обвинет за кривични дела, но не е јасно за што се работи.

– Тие се товарат за кривично дело воено злосторство. Но, да ви кажам право, од оправданоста на барањето за определување притвор не можеше да се види кој за што конкретно се товари, што се случило и кога, како и зошто овие луѓе го имаат ова обвинение. И претходно кажав, вакво збунувачки, нејасно, непрофесионално и лошо барање притвор не сум видел во моето 28-годишно адвокатско работење, рече адвокатот Љубомир Пантовиќ.

Според адвокатот, барањето за притвор е „тотално незаконско, нејасно и непрофесионално“, додека еден од уапсените има здравствени проблеми.

-За жал, судијата прифати конфузно, лошо, празно и непрофесионално изготвено барање за притвор, кое е изготвено незаконски, без факти, без докази и во оваа прилика сакам да кажам дека, за жал, Специјалното одделение на Основниот суд во Приштина, кое е надлежно за процесуирање на воени злосторства, нема доволно моќ, ниту волја и желба да ги спроведе овие дејствија во согласност со Законот, рече Пантовиќ.

Лицата И.Е, Д.М. и З.К. беа уапсени од косовската полиција во средата во северно Косово.

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека е во контакт со косовските власти за да има повеќе информации за нивното апсење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот