30 дена притвор за дилер на дрога​ од Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, 57-годишен жител на гостиварското село Здуње, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело неовластено производство и пушање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При извршен претрес во возилото на осомничениот, на 28 април 2021 година, овластени службени лица пронашле 10 грама наркотична дрога хероин, која осомничениот ја набавил заради продажба. Дрогата била спакувана во две одделни пакувања и скриена зад ретровизорот.

Во насока на непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот