30 асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии во Кисела Вода

Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите и грижејќи се за децата со посебни потреби во општинските основни училишта, во соработка со УНДП, во рамки на програмата Општинско – корисна работа 2019, по петти пат го реализира проектот за избор на образовни лични асистенти.

Во рамки на проектот „Учиме, се воспитуваме, другаруваме” во текот на оваа учебна година, 30 образовни асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии при усвојувањето на наставната програма.

Од вкупно ангажираните асистенти, Општина Кисела Вода обезбеди средства за 10, а за останатите 20 средствата се обезбедени од страна на УНДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот