3 работи во спалната соба кои го зголемуваат стресот: Неделата е совршен ден за промени

Unsplash
Мачка /Фото: Unsplash/Gaelle Marcel

Терапевтот Сесил Аренс, која е домаќин на подкастот „Get Mental“ за менталното здравје, откри кои работи во спалната соба можат да го зголемат стресот.

„Одредени предмети и елементи можат да создадат стрес“, рече Аренс, цитирано од „Businsess Insider“.

Немате доволно простор за работите кои ги поседувате:

Недостаток на соодветен простор за складирање на лични предмети, како што се предмети за лична хигиена, облека и слично може да доведе до неред. Визуелните гужви ја отежнуваат релаксацијата.

„Ослободувајќи простор, му подарувате олеснување на вашиот ум“, рече Марк Ловен, терапевт и основач на Центарот за советување „LaunchPad“.

Затоа е важно да не се прави хаос во просториите каде што одмарате или се опуштате по напорниот работен ден.

Аренс исто така нагласува дека скршените работи треба да се фрлат.

Несреден кревет

Местењето на кревет е задача што ќе ви даде подобро чувство од самиот почеток на денот.

Аренс наведува дека неуредниот кревет е знак на неорганизација, поради што вашата спална соба може да го зголеми стресот.

Расфрлана облека

Исто така, еден куп расфрлани алишта може да предизвика стрес и чувство на затегнатост.

Затоа е важно да се одржува уредната просторија.

Доколку сакате вашата спална соба да се претвори во ваша оаза на мирот и место за одмор, треба да го наместите креветот, да ја ставите облеката во плакарот и да се ослободите од непотребните работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот