3. Меѓународен пливачки митинг „Делфин спринт”: Стојановски со нов кадетски рекорд на 50м грбно

На Олимпискиот базен-Центар вчера се одржа 3. Меѓународен пливачки митинг „Делфин спринт” во организација на пливачкиот клуб Делфин од Скопје. Ова е прв пливачки натпревар кој се организира на затворено во услови на пандемија од коронавирус.

За време на митингот се почитуваа сите протоколи за заштита. Пливачите беа поделени во две групи. Помалите пливаа во првиот дел, а поголемите во вториот со цел да не се создава гужва на базенот. Влезот за родители и публика беше забранет, а целата одговорност за пливачите ја преземаа тренерите. Секој тренер со своите пливачи по список влегуваа во базенот.

На вратата на секој му се мереше температура и му се даваше средство за дезинфекција.

Прочитајте и...  Раст на депозитите и на кредитирањето во септември

Секој клуб имаше свое место на трибините. Пливачите, судиите, записничарите и тренерите постојано беа со маски на лицето. Пливачите маските ги вадеа на стартен блок.

Класично давање на медали немаше, туку секој пливач од маса си го земаше медалот, со цел да нема близок контакт со други и да се избегнат честитиките и прегратките.

На митингот учествуваа 19 клубови од Македонија со вкупно 180 пливачи.

На митингот, неофицијално е поставен е нов кадетски рекорд во дисциплината 50 м грбно од страна на пливачот на ПК Нептун, Андреј Стојановски со време од 28:81. Стариот рекорд изнесуваше 29:01.

Пливачкиот клуб Орион триумфираше со освоени 32 златни медали, 14 сребрени, 12 бронзени и 6 пехари.

Прочитајте и...  Алушовски:  Тактиката на Порто „7 на 6“ е најголема закана за Вардар 

Нептун освои 12 златни, 9 сребрени и 9 бронзени медали. Пливачите на Бета Шаркс се закитија со 5 златни, 10 сребени и 7 бронзени медали. Вардар 2018 освои 18 златни, 17 сребрени и 18 бронзени медали. Младост освои 9 златни, 14 сребрени и 5 бронзени медали.

 

Поврзани вести

ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!

Слободен печат

Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Слободен печат

Нови случаи на коронавирус во ракометниот клуб Пролет

Слободен печат

Обложувалниците го предвидуваат новиот шампион во Лига Европа!

Слободен печат

Порто оптимист дека може да ги освои бодовите во Скопје!

Слободен печат

Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!

Слободен печат

Остави Коментар