3.000 евра казна бара ОЈО за маж кој избегал од карантин

Од ОЈО велат дека со таа постапка, тој сторило кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Јавното обвинителство поднесе обвинителе акт против жител штипјанец кој на 17 март влегол преку меѓународниот аеродром Скопје во Македонија од Кралството Шпанија. При влез потпишал Изјава за самоизолација. Но, уште истиот ден го напуштил својот дом каде требало да ја изврши должноста за самоизолација и отишол во Штип.

Од ОЈО велат дека со таа постапка, тој сторило кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд во Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 30 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот