2МФЛ: Вардар ремизираше со Беласица, Пелистер со 11:0 го декласираше Тетекс

Вардар освои само бод против Беласица/фото: facebook.com/FKVardarSkopje/

Во рамките од 12 коло во Втората македонска фудбалска лига бодовите ги поделија Вардар и Беласица кои одиграа 1:1. Скопските „црвено-црни“ поведоа во 74 минута со голот на Маркоски, а израмнија струмичани преку Гугуљанов (83`).

Битолски Пелистер го декласираше Тетекс со 11:0, хет-трик запиша Маневски, а по еден гол имаа Драгарски, Мустафов, Стефановски, Китановски, Наумоски, Фазлиу, Трајкоски и Здравевски.

Во другите денешни натпревари: Детонит Плачковица – Беса 1976 3:0, Борец – Саса 0:3, Кожуф Гевгелија – Слога Виница 2:0, Караорман – Лок. Скопје 1:1.

Во саботата Воска Спорт славеше над Арсими со 1:2, додека Гостивар кој останува лидер на табелата беше подобар од Охрид (1:2).

Табела: Гостивар 30 бодови, Вардар 29, Воска Спорт 27, Детонит Плачковица 24, Пелистер 23, Охрид 22…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот