2МФЛ: Вардар не го дава врвот, сигурни Воска Спорт, Гостивар и Пелистер

фото: FK Vardar

Фудбалерите на Вардар продолжуваат успешно кон остварувањето на целта, враќањето во Првата македонска лига. Во 22 коло од Втората македонска лига играчите на Бобан Грнчаров беа убедливи над 3:0 против Каменица Саса.

Стрелци на головите за скопските „црвено-црни“ беа Десниќ во 16, Размоски во 85 и Митев во 90 минута на стадионот „Борис Трајковски“.

Пелистер славеше со 2:0 против Детонит Плачковица со головите на Љамчевски во 57 и Фазлију во 79 минута на Градскиот стадион под Тумбе Кафе.

Во останатите денешни мечеви: Арсими – Караорман 3:1, Беласица – Гостивар 0:3, Кожув Гевгелија – Пехчево Скопје 2:1, Охрид – Борец 2:0, Слога Виница – Воска Спорт 1:3, Тетекс – Беса 1976 1:2.

Табела: Вардар 55 бодови, Воска Спорт 53, Гостивар 51, Пелистер 46, Детонит Плачковица 37, Беса 1976 33, Охрид 33, Беласица 32, Арсими 30, Караорман 27, Кожуф Гевгелија 26, ФК Пехчево Скопје 20, Каменица Саса 17, Тетекс 15, Слога Виница 13, Борец 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот