2МФЛ: Слога Виница „четири од четири“, Вардар водеше, па загуби од Велешта

.Слога Виница реди победи сезонава во Втората лига - Исток/Фото: facebook.com/SLOGA1934VINICA

Денеска во четвртото коло од Втората македонска лига – Запад составот на Вардар го претрпе и вториот пораз овојпат на гостувањето кај Велешта со 2:1.

После првото полувреме водеше Вардар со голот на Николов, а пресвртот се случи во вториот дел кога домаќините стрелаа преку Даути и Лена за прва победа на Велешта сезонава.

Кораби славеше на гостувањето кај Беса за втора победа во шампионатот, стрелци за победничката екипа беа Целески и Карлос.

Во другите мечеви од четвртото коло во 2МФЛ – Запад: Силекс – Воска Спорт 1:0, Кадино – Гостивар 0:0, Беса – Кораби 1:2, Охрид – Тетекс 0:1.

Табела: Силекс 12 бодови, Тетекс 7, Кораби 7, Воска Спорт 6, Беса 6, Кадино 5, Вардар 4, Велешта 4, Охрид 3, Гостивар 2.

Во Втората лига – Исток составот на Камениса Саса дојде до бодовите против Детонит Јуниор со погодокот на Нешовски во 25 минута.

Во другите мечеви од четвртото коло во 2МФЛ – Исток: Братство 07 – Кит Го Пехчево 0:4, Кожуф Гевгелија – Беласица 1:2, Осогово – Лок. Градско 2:2, Слога Виница – Победа 2:1.

Табела: Слога Виница 12 бодови, Беласица 10, Каменица Саса 10, Победа 7, Кит Го Пехчево 4, Осогово 4, Лок. Градско 1, Детонит Јуниор 1, Братство 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот