2МФЛ: Гостивар повторно на врвот, Вардар се врати од негатива во дербито против Пелистер

Момент од натпреварот Пелистер - Вардар на стадионот „Петар Милошевски“ - Битола/фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Денеска во рамките од 14 коло во Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ) во дербито ремизираа екипите на Пелистер и Вардар со конечен резултат 2:2.

Фудбалерите на двата тима играа и пред новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а воедно на ова дерби присуствуваа и навивачите групи на екипите, „Чкембари“ и „Комити“.

Пелистер водеше по првото полувреме со 2:0, головите за домашниот тим ги постигнаа Наумоски и Маневски. Скопските „црвено-црни“ го избегнаа поразот со погодоците на Христов и Маркоски.

Вардар можеше да направи целосен пресврт на овој дуел, но Мицевски во самиот финиш од средбата ја погоди стативата.

Гостивар го искористи ремито во Битола и со победа над Борец се врати на првото место во генералниот пласман. Головите за Гостивар за победа од 2:0 ги постигна Каланоски и Керим.

Во другите мечеви: Арсими – Беласица 2:0, Детонит – Воска Спорт 1:1, Караорман – Беса 0:0, Кожуф – Тетекс 3:0, Локомотива – Каменица Саса 2:1 и Охрид – Слога Виница 2:0.

Табела: Гостивар 34 бодови, Вардар 33, Воска Спорт 31, Пелистер 27, Детонит 26, Охрид 25, Караорман 20, Беласица 19, Беса 1976 18, Арсими 17, Кожу 17, Саса 13, Слога Виница 10, Тетекс 7, Борец 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот