28-годишната девојка која имаше тромбоза по вакцинацијата со АстраЗенека е добра, ќе биде пуштена дома

Во врска со девојката која имаше компликација, тромбоза на едната вена на окото, по вакцинацијата со АстраЗенека министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција потенцира шедека таа се чувствува добро и денеска ќе биде пуштена на домашно лекување.

– Очекуваме овој месец да стигне значајна количини вакцини од сите производители и согласно националениот план да бидат распределени по возрасни групи и за вработени кои имаат голем ризик да заболат и согласно тоа вакцинацијата да продолжи и во здравствените домови и во салата „Борис Трајковски“. Апелирам граѓаните да ги почитуваат новите мерки. Одговорноста е исклучително битна и само така ќе имаме ситауција бројките значајно да се намалат во следниот период и за што пократко време излеземе од овој трет бран, додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот