28-дневна Саси диета за брзо топење на мастите

Нутриционистката Синтија Сас, популарна по пијалокот за слабеење – водата Саси, ги здружи силите со фитнес тренерот и нутриционист Лиз Вакариело и смислија диета која брзо ги топи килограмите.

Диетата се базира на специфичната вода Саси, која се пие во комбинација со диетно мени искреирано за 28 дена. Оваа комбинација, тврдат нутриционистите, е добитна и гарантира брзо топење на салото и брзо постигнување на тенок струк.

Книгата „Исхрана за витка половина“, на која се потпишуваат Синтија Сас и нејзината пријателка Лиз Вакариело, доживеа бум, а двете дами добија голем број следбенички кои се презадоволни од Саси-диетата.

Еве како да ја подготвите чудотворната вода дома. Потребни ви се 1,5 литри вода, 1 лажица изрендан корен од ѓумбир, 1 краставица (излупена), 1 лимон (излупен и исечкан на кришки), 6-7 ливчиња нане.

Сите продукти, кои мора да се свежи, се ставаат во водата и мора да отстојат преку ноќ, односно најмалку 7 часа.

Прочитајте и...  Панчо од ДНК вели дека ја научил лекцијата од коронавирусот: Да помогнеме на секого, а да не очекуваме ништо за возврат!

Откако ќе ја направивте Саси-водата, а од неа треба да имате секој ден минимум по 1,5 литри (уште подобро ако од неа конзумирате и повеќе),  треба да се придржувате на следниот диетен редослед во период од 28 дена, колку што трае диетата Саси.

Појадок – чаша до две Саси-вода, малку овошје, малку житарки со немасно млеко.

Ручек – чаша до две Саси-вода, риба (на скара) и салата со зеленчук.

Вечера – чаша до две Саси-вода, риба или 300 грама пилешко, говедско, мисиркино месо  (на скара), 1 варен компир и зеленчук.

Меѓуоброк – чашка јогурт, овошје или зеленчук и Саси вода.

Авторките на книгата гарантираат дека со комбинација на Саси-водата и овој план за исхрана на кој треба да се придржувате 28 дена ќе ослабите најмалку 10 сантиметри во обемот. Веќе по четвртиот ден ќе почувствувате како килограмите се топат.

Прочитајте и...  5 хороскопски знаци кои имаат најслаб имунитет: Еве што можете да направите за време на коронавирусот

Доколку сакате да ја повторите диетата за дополнително слабеење мора да направите пауза најмалку од една недела, а доколку сте само по првиот третман задоволни од драстично променетиот изглед на телото, за одржување на тежината и понатаму се препорачува секојдневно пиење на Саси-водата, без држење на диетата.

Прочитај повеќе

Писателката на „Хари Потер“ открива техники за полесно дишење со кои тврди дека ја победила короната (ВИДЕО)

Слободен печат

Андреа Бочели за Велигден ќе пее во Миланската катедрала: Тоа ќе биде молитва за Милано и за цел свет!

Слободен печат

На Северина ѝ годи готвењето на свекрвата: Се здебелив 7 кила! (ВИДЕО)

Слободен печат

Коронавирусот не ги уништува само белите дробови, и друг орган е на удар!

Слободен печат

Роден е Серџо Блажиќ, „The Clash“ го објавија првиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Слободен печат

Хороскоп за 8 април – Раковите ќе имаат проблеми со работата, Водолиите со парите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Виц на денот – Таблети

Слободен печат

Необични работи кај жените кои ги привлекуваат сите мажи

Слободен печат

Наташа Беквалац објави фотографија додека се бања (ФОТО)

Васко Спасоски

Северина и во карантин може да одржи концерт: Погледнете што се случуваше во куќата на нејзиниот свекор Кеба! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Од интернат до самиот врв на Холивуд: Џеки Чен наполни 66 години!

Слободен печат

На папагалот Хуго не му паѓа тешко карантинот, тој учи нови зборови: Го опоменува сопственикот да стави маска, бидејќи има корона (ВИДЕО)

Васко Спасоски