27 милиони прегледи: Куче ја гледа својата сопственичка по три месеци, неговата реакција е бесценета

златен ретривер
Фото: Принтскрин/ТикТок

Видео објавено на „ТикТок“ собра повеќе од 27.8 милиони прегледи и стана вирален хит поради преслатката реакција на кучето во моментот кога ја гледа својата сопственичка по три месеци.

Реакцијата на кучето кога ќе го види сопственикот на аеродром по три месеци ќе ви го стопи срцето

Златниот ретривер ја пречекал својата сопственичка на аеродромот во друштво на сопственикот кој му закачил балони на кои пишува „Добредојде дома“. Кучето едноставно не можело да престане да мавта со опашката од возбуда.

Кога конечно ја видел својата сопственичка, на неговата среќа ѝ немало крај. Веднаш истрчал кон неа и ѝ се фрлил во прегратка, лижејќи ја по целото лице.

@goldenretriever_hugi 3 months apart ❤️ #airport #love #dogs #goldenretrieverlife #missedyou #puppydog #doglove #goldenretrieverpuppy ♬ original sound – 🤍 Fav Tunes 🤍

 

„Три месеци разделени“, стои во описот на видеото.

Воодушевените корисници на „ТикТок“ коментираа под видеото.

„Ние не ги заслужуваме кучињата“, „Најчистата љубов што овој аеродром некогаш ја видел“, „Ми се допаѓа како луѓето во близина се свртеа и се насмевнаа“, „Мислам дека кучето не можеше посилно да мавта со опашката“, беа само неколку од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот