27 години подоцна: Работи што не сте ги знаеле за „Форест Гамп“

форест гамп том хенкс
ФОТО: Инстаграм

Иако „Форест Гамп“ бил објавен пред 27 години тој сè уште е дел од животите на луѓето. Романтичната драма, наградена со Оскар, предводена од Том Хенкс и Робин Рајт во 1994 година, ги плени срцата на гледачите на филмови со своите филозофски реплики и симпатични заплети.

Во документарната серија на „Нетфликс“ – „The Movies That Made Us“, филмот е тема на четвртата епизода во која режисерите дискутираат за неговото наследство и за проблеми во снимањето.

Еве што можеби не сте знаеле за „Форест Гамп“

Оригиналното сценарио било различно

„Форест Гамп“ е базиран на истоимениот роман од 1986 година од Винстон Грум. Авторот всушност го напишал првиот нацрт на филмот пред да започне со производство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Forrest Gump (@forrestgumpfilm)

Форест требало да биде потежок човек со околу 110 килограми и висина од 180-тина метри. Во книгата, тој станува борач, оди во вселената, па дури и се дружи со орангутан.

Документарецот на „Нетфликс“ открива дека сценариото поминало низ пеколен развој со месеци и биле напишани неколку нацрти. Сценариото станало „неред“ и Ерик Рот на крајот го напишал последниот нацрт. Подоцна Рот ќе го освои Оскарот за најдобро адаптирано сценарио во 1995 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ember (@filmingfire)

Филмот бил отфрлен од неколку продуцентски куќи

„Ворнер Брос“ биле планирани на почетокот да го продуцираат филмот. Сепак, по успехот на „Дождовен човек“ во 1988 година, студиото одлучило да се повлече од „Форест Гамп“. Раководителите сметале дека „апетитот“ за драматичен филм веќе бил задоволен. Кога Кевин Џонс, извршител на „Ворнер Брос“, се преместил во „Парамаунт“, го зел сценариото на Рот со себе и останатото е историја.

Хенкс и Земекис го спасиле снимањето на филмот

Буџетот за филмот бил само 55 милиони долари (тоа е малку за филмската дејност) и пред да започне снимањето, „Парамаунт“ всушност сакал да го намали буџетот за 10 милиони долари. Шери Лансинг, извршен директор на „Парамаунт“ во тоа време тврдел дека филмот е премногу скап за снимање и сакал да ги исфрли сцените како што се: бродот за ракчиња и битките во Виетнамската војна кои сега имаат иконски статус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Forrest Gump (@forrestgumpfilm)

Хенкс и Земекис одлучиле да придонесат со дел од своите плати за да ја надополнат разликата во кратењето на буџетот. Нивната постапка овозможила да започне снимањето во август 1993 година.

„Парамаунт“, исто така, предложил да се прекине со снимање на познатата сцена на трчање на Форест, бидејќи распоредот на снимање го достигнувал крајниот рок. Земекис дури го ангажирал братот на Том Хенкс, Џим да биде негов двојник во сите сцени со трчање, за да може продукцијата да снима во повеќе области истовремено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Forrest Gump (@forrestgumpfilm)

Земекис и Хенкс потоа морале да вложат уште 1,5 милион долари, за последната сцена да се снима во „Monument Valley“, Аризона бидејќи студиото дознало дека братот на Хенк работел како негов двојник и не сакале да платат за снимањето.

Извор: „NY Post“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот