258 сообраќајни прекршоци во Скопје, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: "Слободен печат" - Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 109 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 42 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Санкционирани 160 возачи за брзо возење во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот