251 уметник му порачаа на Заев да не го чепка МКЦ - Слободен печат
ВестиКултура

251 уметник му порачаа на Заев да не го чепка МКЦ

Според нив, Арбен Шаќири со денови го прославува новото директорско место во МКЦ.

Уметниците испраќаат втор граѓански апел преку хаштагот #НеГоЧепкајтеМКЦ за докажано успешната раководна структура која во моментов претставува бедем на независната културна сцена во главниот град. Голем број независни уметници, културни работници, организации и граѓански активисти упатија отворено писмо до премиерот Зоран Заев околу менувањето на раководната структура на Младинскиот Културен Центар.

Во прилог ви го пренесуваме писмото во целост, кое е поддржано од 251 уметник:

„Почитуван г-дине Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Ви се обраќаме по повод најавените промени во управувачката структура на Младинскиот културен центар во Скопје. Не случајно ова писмо Ви е адресирано Вам, со оглед на тоа што неодамна најавивте суштински промени во Владата на РСМ, но и во голем број јавни институции во државата. Максимално ја поддржуваме потребата за прочистување и подигање на квалитетот на кадарот по државните и локални институции, кои очигледно се на мета на вашата популарно наречена „метла“ и веруваме дека тоа го правите со желба за суштинско подобрување на ситуацијата во повеќето од нив. Но во овој случај чувствуваме граѓанска одговорност да Ви укажеме на сериозните негативни последици по кревкото битие на живата, автентична независна култура, до кои секако ќе дојде доколку го нарушите континуитетот на работа на Младинскиот културен центар во Скопје.

Речиси една деценија МКЦ е дом и обединувачки фактор на македонската независна културна сцена. Тој е единствен простор каде што скопската и македонската алтернативна младина добива шанса уметнички и општествено да се изрази без да е обременета со комерцијални стеги. Континуитетот и развојот на МКЦ во последнава декада, но и реализацијата на програмските предизвици, е без преседан во современа Македонија, од осамостојувањето до денес. Конечно, МКЦ Скопје е една од ретките јавни институции, ако не и единствена, која комплетно успешно и без никаква злоупотреба си ја извршува својата работа.

Затоа господине претседател на Владата на РСМ, упатуваме силен апел до Вас, МКЦ Скопје да биде одминат од вашата „метла“ овој пат. Причината е едноставна: не се уништува она што функционира. Факт е дека моменталниот ВД директор, господинот Русе Арсов, е поникнат во МКЦ и најголем дел од неговиот работен век го помина во оваа институција. Неговото искуство и суштинско познавање на независната сцена и култура, неговата отворена и непречена поддршка кон културните работници, како и неговата соработка со успешниот тим на МКЦ се суштествени за продолжувањето на добрата работа на оваа институција. Континуираниот процес на работа е од есенцијално значење не само за македонската култура, туку и за општиот развој на вредностите на нашата општествена сцена.

Да не бидеме сфатени погрешно, ова не е негативна пропаганда кон господинот Арбен Шаќири, кој деновиве веќе отворено ја прославува новата функција (директорско место во МКЦ Скопје). За него имаме максимална почит како музичар кој повеќе децении работи и опстојува во земја како Македонија. Но повеќе од очигледно е дека господинот Шаќири го нема ни оддалеку потребното искуство да раководи со институција која се занимава со комплексните потреби на независната сцена, чиј дел тој не е, ниту пак кога било имал интерес да биде.

Почитуван господине Заев, ве молиме овој апел да го сфатите крајно сериозно и да не се сомневате во конструктивноста на нашите намери. Ние работиме со децении на независната сцена. Водени од желбата за напредок и повисок степен на култура, бевме на улиците кога тоа беше најпотребно за нашата земја и верувајте, на нив ќе се најдеме повторно ако има потреба. Било каква промена во МКЦ Скопје значи руинирање на еден од најсветлите континуитети во Македонија, брутален удар во нежното ткиво на независната сцена, со несогледливи последици во следните години, во кои токму таа сцена ќе мора да биде ваш, но и голем сојузник на земјава во нејзиното припојување кон Европската Унија. Доколку го нарушите овој фантастичен процес кој успеавме да го развиеме, ќе бидете одговорен не само пред двигателите на македонската уметничка свест на ова време, туку и пред историјата на нашата земја.
Независната културна сцена можеби не изгледа импозантно во вашите очи, вперени кон Брисел и Вашингтон. Но ние сите сме сепак тука, и тука ќе останеме. Затоа размислете.“

Со почит,

Абдула Дениз, актер

Азманова Наташа, архитектка

Алексовски Дарко, ликовен уметник

Алијевиќ Стефан, филолог

Алтипармаков Јане, Канал 103

Ангелевски Давид – Пиколомини, музичар, независна дискографска куќа Шарла

Ангеловска Ѕвезда, актерка

Андова Шопова Николина, писателка

Андоновски Кочо, ЛГТБТИ Центар за Поддршка

Андоновски Милош Б, театарски режисер

Андоновски Петар, писател

Анѓелков Игор, издравач и писател

Антевски Петар, продуцент

Аранѓеловиќ Весна, ликовна уметница

Атанасова Иф Ивана, актерка, сценски автор, педагог

Атанасова Милена, модна дизајнерка

Ахмети Сафет, историчар на уметност

Ацевска Јана, дизајнерка

Баракоска Мартина, музичарка

Башеска Ристовска Ирма, сценаристка и новинарка

Бегановиќ Сеида, писателка

Бендевска Ена, граѓанска активистка (Медуза)

Беќар Мира, професорка

Близнаковски Јован, политиколог

Богдановски Матеј, ликовен уметник

Божурска Кристина, ликовна уметница

Бужаровска Румена, писателка

Бузалкова Зоја, режисерка, Факултет за драмски уметности

Буневска Исаковска Калина, уредник (Блесок)

Васева Ивана, Факултет за работи што не се учат

Василева Ана, активистка, феминистка

Василева Јасмина, актерка

Велковска Ема, дизајнерка

Велковски Атанас, монтажер

Велковски Филип, ликовен уметник

Вељановска Елена, Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички практики

Веселинов Благој, актер

Видовиќ Ема, биотехнолог

Вилиќ Небојша, професор

Вукобрат Тања, ликовна уметница

Вчкова Наташа, архитектка и сценографка

Гавровски Георги, независен уметник, претседател на Македонското братство на магионичари

Галевски Кире, фотограф

Гелевски Небојша, графички дизајнер

Гелевски Никола, писател и уредник (Окно и Темплум)

Георгиев Сергеј, режисер

Гешоска Искра, Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички практики

Голејшка Џикова Ана, поетеса

Гунин Драгана, театарска режисерка

Дамјаноски Милан, професор

Делов Игор, графички дизајнер

Дерибан Љубен, музичар аматер

Димитријевиќ Ивица, актер МНТ, музичар, СИЗ/РИБ

Димитров Славчо, МАРГИНИ Скопје

Димитрова Биљана, културна работничка

Димитрова Калиа, граѓанска активистка (Медуза)

Димитрова Марија, продуцентка

Димитровска Катерина, музичарка

Димитровска Мила, архитектка

Димковска Симона, актерка

Димовска Лидија, писателка

Диџеј Гоце, Фанки Фреш

Диџеј Чваре, Фанки Фреш

Додовски Димитар, музичар

Доксевски Димитрија, актер

Доксевски Наум, кинематограф

Докузова Милка, архитектка

Драгшиќ Ивана, Плоштад Слобода

Дробицки Владан, музичар, НОБ, Сетстат

Дума Дина, филмска режисерка

Дурацовски Димитрие, писател

Ѓорѓевиќ Драгољуб

Ѓорѓиевска Јана, 3Д уметница

Ѓорѓиевски Тонкин Ненад, музичар и ликовен уметник

Ѓурковска Каеска Весна, блогерка

Евтимов Синиша, режисер МНТ, музичар

Ефремова Инес, ликовна уметница

Жерносвки Велимир, ликовен уметник

Заревска Драгана, независна уметница

Зафировска Зорица, ликовна уметница

Зафировска Христина, ликовна уметница

Зафировски Борјан, филмски режисер

Зафировски Ѓоко, музичар, Нема лабаво, Дени те чува

Здравеска Драгица, наставничка по англиски јазик

Здравески Ѓоко, писател

Здравковска Џепароска Соња, професорка

Змејкоски Деан, музичар, Сусијат

Иванов Мартин, монтажер

Иванова Тамара, ликовна уметница

Ивановска Ана, ликовна уметница

Ивановска Христина, ликовна уметница

Ивановски Дејан, архитект

Ивановски Иван, ликовен уметник

Игновски Павле, Македокс, Театар Навигатор Цветко

Илиоска Викторија, кореографка и изведувачка

Јакимовска Јана, ликовна уметница

Јакимска Ана, режисерка

Јанев Марко, ликовен уметник

Јаневски Ѓорѓи, културен работник

Јаниќиевиќ Срѓан, режисер

Јанковска Матеја МЈ, актерка

Јанковски Владимир, писател

Јанчевски Владимир, историчар на уметност

Јанчовски Тихомир, писател

Јаќоски Слободан

Јованова Ива, музичарка аматер

Јовановиќ Доријан, музичар, Стринг Форсис, Чалгија Саунд Систем

Јовановиќ Ѓорѓе, ликовен уметник

Јовановска Ана, визуелна уметница

Јовановски Филип, Факултет за работи што не се учат

Јолдевски Ненад, писател

Јордановска Бранкица, ликовна уметница

Јорданоски Мартин, актер

Јосифовска Дуфне Марта, костимографка

Јосифовски Оливер, Љубојна бенд

Јусуф Сара, актерка

Кајевски Славиша, актер

Карахасан Амир, ликовен уметник

Карахасан Самир, ликовен уметник

Караѓозовски Филип, архитект

Караџовски Христијан, кинематограф

Качакова Виолета, Локомотива центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Кирковски Бојан, актер

Климоска Сара, актерка

Коалиција МАРГИНИ Скопје

Коцевска Ивана, балерина и кореографка, НОБ

Коцевска Јана, ЗГ за промоција на женската активност Тииит! Инк. – Скопје

Кочовски Иван, правник

Кнежевиќ Ана, филолог

Крајчевска Билјана, драматург

Крстески Ѓорѓи, ликовен уметник

Кујача Николина, актерка, МНТ

Куч Џано, музичар

Лазаревска Ана, уметница

Леловац Кристина, актерка

Лембанов Андреј, кинематограф

Лошкова Драгана, актерка

Лукаш Владимир, ликовен уметник

Љума Самир, кинематограф

Максимова Нина, актерка

Малеска Калина, писателка

Манев Мартин, актер

Маркоска Милчин Ема, преведувачка

Мартиновски Владимир, писател

Милошевска Вера, Љубојна бенд

Милошески Слободан, ликовен уметник

Милчин Владимир, професор и театарски режисер

Мирчевска Ивана, ликовна уметница

Митевски Ненад, актер

Митковски Оливер, актер, МНТ

Митревски Сашо, музичар, Милко

Михајлова Ина, графичка дизајнерка

Мицевски Сашко Потер, монтажер

Мицковски Ивор, новинар

Муча Нита, историчарка на уметност и археолог

Набаков Дарко, актер

Набаков Раде, граѓански активист

Најдовски Маријан, организатор

Наумоска Касиопеја, ликовна уметница

Нелковска Ивана, драматург

Нешоски Доротеј, ликовен уметник

Низамовска Бојана, група Џун

Николиќ Нина, театарска режисерка

Николовска Драгица, архитектка и фотографка

Нихиу Гуѕим, граѓански активист

Ничевски Миле, ликовен уметник

Омерагиќ Дени, музичар, Светлост/Палиндром

Павлаковиќ Ивана, актерка

Пазарџиевска Ристовска Елена, архитектка

Панзов Златко, преведувач

Пармаковска Фросина, писателка

Пејовски Александар, композитор

Пејовски Даријан, режисер

Петковски Филип, магистер по кореологија

Петрова Благица, граѓанска активистка

Петровиќ Наташа, актерка

Петровиќ Раша, филмски режисер

Петрушевска Јакимовска Весна, пијанистка во пензија

Пировска Уранија, Хелсиншки комитет за човекови права

Плачкова Оле, социјална работничка

Попов Мирко, музичар, независна дискографска куќа ПМГ Рекордингс

Поповски Данчо, музичар, група Џун

Прокопиев Илија, ликовен уметник

Радиноска Билјана, театарска режисерка

Ризова Дарја, актерка

Ристевски Зоран, диџеј

Ристеска Елена, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

Ристеска Јоана, музичарка

Ристески Никола, актер

Ристовски Александар – Принц, музичар

Ристовски Владимир

Ристоска Тамара, актерка

Рубен Виктор, продуцент

Садику Артан, граѓански активист

Саздов Данчо, група Џун

Сандревски Александар, диџеј

Синаноска Филис, музичарка

Симонов Јордан, актер, режисер, МНТ

Симоноска Павлина, Хелсиншки комитет за човекови права

Симоска Сања, ликовна уметница

Симоска Сара, архитектка

Смилевска Марија, ликовна уметница

Сотировска Марија, ликовна уметница

Спасиќ Јане, театарски режисер

Спировска Симона, актерка

Спировски Бранислав, новинар

Спировски Нинослав, музичар, Светлост

Ставрески Ѓорче, режисер

Стаматовска Нешоска Ивана

Стевовиќ Ненад, уредник и издавач (Или-или)

Степанулески Александар, актер

Стефановска Инес, ликовна уметница

Стојанов Дени, актер

Стојанова Марија, претседателка на Арт Еквилибриум

Стојановиќ Милош, културен работник

Стојановски Давор, писател

Стојковски Марко, независен издавач, Кран рекордс

Сулејман Неслихан, ликовна уметница

Талевска Ирина, филолог

Тасевски Филип, независен уметник, дискографска куќа 69 Рекордс

Теодосиева Наталија, актерка

Томиќ Радевска Дијана, ликовна уметница

Танурова Тасевска Александра, новинарка

Тануровска Ќулафковски Билјана, доктор по драмски науки и магистер по менаџмент на култура, Локомотива

Трајаноска Ивановска Маја, преведувачка

Трајковиќ Немања, ликовен уметник и дизајнер

Трајковска Билјана, медиа менаџерка

Трајковски Јане, музичар, РИБ, Џун

Трујкановиќ Микица, ликовна уметница

Ќорвезироска Оливера, писателка

Улчар Исток Ј, писател

Унковски Слободан, режисер, Театар Навигатор Цветко

Филиповска Мирјана, историчарка на уметност

Филиповски Тошо, независна дискографска куќа Корпус Деликти Рекордс

Хаџи-Стефанов Ален, Џез ФМ

Хорват Магдалена, писателка

Христов Васил, режисер

Христов Драган, моден дизајнер

Христовска Ѓурѓица, Театар Навигатор Цветко / Локомотива

Цветковиќ Ирена, Коалиција Маргини

Цекиќ Анета, професорка

Црвенковска Билјана, писателка

Чалоски Јане, ликовен уметник

Чочова Ели, ликовна уметница

Џокиќ Владимир, рапер

Шалдева Теа, музичарка, Галатеа

Шапков Иван, ликовен уметник

Шашевски Бојан, новинар

Шемкоски Васил, илустратор, графички дизајнер

Шопов Иван, писател

Шурбановски Костадин, Канал 103

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close