24 поени на Ембид во дресот на Коби „24“ (ВИДЕО)

Центарот на Филаделфија на уникатен начин му оддаде почит на трагично загинатиот Коби Брајант.

Фоладелфија сиксерс со 115:104 го совлада најслабиот тим во НБА лигата, Голден стејт, а средбата ја одбележа Џоел Ембид. Центарот на Филаделфија натпреварот го одигра во дресот со број 24 во чест на Коби Брајант, а дека се беше во знакот на бројот 24, покажува и неговиот број на постигнати поени. Ембид средбата ја заврши со 24 постигнати поени и бешенајефикасен во својот тим.


За да го носи бројот 24 кој Филаделфија го има повлечено во чест на Боби Џонс, Ембид му се јавил на легендарниот кошаркар на Филаделфија објаснувајќи какво влијание имал Коби на него додека растел во Африка, по што добил дозвола да настапи во овој дрес.
Раул Нето постигна 18, а Бен Симонс 17 поени, додека на спротивната страна Деанџело Расел со 28 поени беше најпрецизен кај „воините“.


Милвоки бакс покажа дека може да победува и да постигнува поени и без првата ѕвезда, Јанис Антетокумпо. Улогата на прв стрелец ја презеде Крис Мидлтон кој во триумфот од 151:131 постигна рекордни во кариерата 51 поен.


Поради смртта на Брајант, не се одигра дербито за Лос Анџелес помеѓу „лејкерс“ и „клиперс“ што е четврти натпревар во историјата на лигата кој е одложен

Резултати:
Шарлот – Њујорк 97:92
Филаделфија – Голден Стејт 115:104
Кливленд – Њу Орлеанс 111:125
Торонто – Атланта 130:114
Мемфис – Денвер 104:96
Мајами – Бостон 101:109
Милвоки – Вашингтон 151:131
Далас – Феникс 104:133

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот