24 лица ја изгубија битката со ковид-19: Најмладиот од нив имал 35 години

Фото: Слободен печат /Драган Митрески

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на ковид-19

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години.

  • Седум пациенти од Скопје
  • Пет пациенти од Кавадарци
  • Четири пациенти од од Прилеп
  • Два пациенти од Гевгелија
  • Едно лице од Тетово
  • Едно лице од Велес
  • Едно лице од Кочани
  • Едно лице од Кичево
  • Едно лице од Ресен
  • Едно лице од Радовиш.

Сите пријавени се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот