„24 илјади бакнежи“ – љубовен концерт во Филхармонија

Оркестарот на Филхармонија в сабота, на 13 февруари, во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените.

Концертот е насловен „24 илјади бакнежи”, а на програмата се безвременски љубовни песни –  Еден бакнеж“,  Beautiful Maria“, Ne me quitte pas” и др.

Насловот на концертот е извлечен од песната „24.000 baci” која, исто така, ќе биде изведена на овој концерт, напишана во 1961 година од Е. Леони, П. Виварели, Л. Фулчи и А. Челентано. Премиерно била изведена на фестивалот „Сан Ремо” во изведба на Адриано Челентано и Литл Тони и го освоила второто место. Се смета за прва рокенрол песна која влегла во конкуренција за наградата, воедно и за композиција која ја потретира младината во времето на сексуалната револуција.

Како солист на концертот ќе настапи нашиот тенор со интернационална кариера, Благој Нацоски, кој доаѓа специјално за овој концерт од Италија и младата македонска вокалистка Светлана Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамки на концертот ќе има и балетска точка во изведба на Кала Каревски, во кореографија на Саша Ефтимов.

Концертот ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, една од најнадежните македонски диригенти којасвоето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 година.

– Ги поканувам сите љубители на најубавата уметност да ни се придружат и заедно да уживаме во специјално одбрана програма со дел од најубавите љубовни теми. Постарите ќе можат да се вратат во младоста, а помладите да чујат како звучеа љубовните песни во минатото. За мене е особено задоволство да се работи со нашата Филхармонија како и одличните солисти Благој Нацоски и Светлана Јовановска со кои заедно, се надевам, ќе успееме да ја пренесеме нашата љубов во ова време во кое љубовта ни е особено потребна, вели диригентката Имери Илкоска.

Концертите за Денот на вљубените се традиционална содржина на Филхармонија повеќе години наназад. Концептуално се различно обликувани од стандардната програмата и најчесто имаат популарен карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот