„24 часа“: По српскиот мафијаш Жарко Момчиловиќ и неговиот колега Даријан Ааџик избегал од Бугарија

Фото: МИА

Тиражниот софиски весник „24 часа“ јави дека и втор српски мафијаш од банда за трговија со хероин избегал во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, станува збор за Доријан Аџиќ, кој беше уапсен на 1 февруари 2021 година, заедно со членот на земунскиот клан, Жарко Момчиловиќ и уште четири други лица.

Момчиловиќ во април беше пуштен во домашен притвор од Софискиот градски суд, кој требаше да го разгледа барањето на судот во АД за негова екстрадиција во Њујорк. Бегството на Момчиловиќ предизвика тензии во бугарското правосудство со меѓусебни обвинувања меѓу обвинителството и судот. По него беше пуштена меѓународна потерница.

Од соопштувањето за почетокот на судењето за трговија со хероин, се покажа дека и вториот Србин од бандата, Доријан Аџиќ, исто така, е недостапен за судот. Тој не беше баран од САД и затоа Специјализираниот кривичен суд му одредеи помала мерката- неодалечување. Но, како и неговиот сонародник Момчиловиќ, и Аџик избегал.

За двајцата се водат одделни случаи и тие ќе бидат пшочнати кога двајцата ќе бидат пронајдени и станат достапни за судот.

Бугарското Специјално обвинителство и Генералната дирекција за борба против организираниот криминал (ДГЦОК) почнаа да работат на Жарко Момчиловиќ и Доријан Аџиќ еден месец пред да биде уапсени. Како што се присетува дописникот на МИА од Софија, на 7 јануари беше примено барање за правна помош од Канцеларијата за меѓународни работи при Министерството за правда на САД. Претходно, ДЕА доби сигнал дека српските трговци со дрога преговараат за набавка на големо количество хероин да влезе од Турција во Бугарија, а потоа да замине за Западна Европа и САД. Дваесет и четири дена подоцна, Момчиловиќ, Аџиќ и четворица други беа уапсени. За време на акцијата, пронајдени беа 20 килограми хероин, во вредност од милион и 800 лева (900.000 евра), 40.000 евра во готово, документи, телефони и СИМ картички со кои членовите на групата комуницирале.

Жарко Момчиловиќ ги организирал сите активности на криминалната група. Тој преговараше за испорака на големи количества хероин да пристигнат во Бугарија. За таа цел често патуваше во Турција со Доријан Аџиќ. Во групата беше и Делче Стојчевски, кој е македонски државјанин, но поседува и бугарски пасош, кој го обезбедувал складиштето за дрога во Софија. Го чувал во својот стан и хероинот го пакувал според барањата на клиентите.

Бугарскиот државјанин Георги Христозов ги осигурувал купувачите, вклучително и српските трговци со дрога. Таксистот Анатоли Ниницов бил задолжен за транспорт на хероинот. Сите членови на криминалната група се блиски со Жарко Момчиловиќ, кој ги регрутирал да учествуваат во каналот за трговија со дрога.

Специјализираното обвинителство на Бугарија поднесе обвинение во судот само за Делчевски, Христозов и Ниницов. Тројцата се уште се во притвор, со исклучок на двајца Срби, Жарко Момчиловиќ и Доријан Аџиќ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот