236 сообраќајни прекршоци во Скопје, 83 за брзо возење

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, 15 за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), пет за некористење сигурносен појас, 49 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот