ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Правиме лебеди од хартија со Аница Солева (ВИДЕО)

Деновите во изолација продолжуваме да ги исполнуваме со креативност. Уметницата Аница Солева ви препорачува да ја пробате изработката на чудесни фигури од хартија.

Со изработка на украси од хартија, Аница Солева почнала од хоби пред 8 години, но набрзо потоа решила да се регистрира како занаетчија.

Основните техники ги учела од Интернет, а потоа и сама си измислував различни техники.
Аница сака да создава уникатни подароци од обичен лист хартија за да ги направи нејзините клиенти среќни.

 

Лесно ли е да се совлада техниката?

– Лесно е, но треба време, трпение, љубов и креативност. Идеи имам секогаш, се трудам моите изработки да бидат уникатни. Понекогаш идеите се од моите клиенти, тогаш ми е најубаво, заедно креираме, а на крајот сите се задоволни и среќни. Овие изработки ме релаксираат, исполнуваат, воопшто не го доживувам како работа, туку напротив, како задоволство.

Освен хартија кои материјали ни се потребни?

– Основен материјал ми е хартијата, од неа правам уникатни минијатурни 3Д честитки, накит од хартија, врамени слики, оригами… Омилени и најтешки за изработка се 3Д честитките, кои се составени од минијатури од хартија.

Може ли да споделиш со нас една од изработките по твој избор?

– Направив видео туторијал во кој објаснувам како да се се направи 3Д оригами лебед, составен од отприлика 400 модули. Звучи тешко и многу, но кога ќе се совлада техниката, лесно е. Слично е како медитацијата, се релаксирате. Се користи лист (А4 формат) од кој излегуваат 32 модули. Потребни се 10 листови бела хартија (320 модули) и 3 листови хартија во боја (96 модули). Најпрво треба да се направат модулите, потоа се спојуваат, влегуваат еден во друг, за на крај да се направи лебедот. За оваа изработка не е потребно лепак.

Во продолжение погледнете ги двете видеа – двата дела од постапката низ која Аница ве води чекор по чекор. 

Инаку Аница работи од дома, а за вакви прекрасни изработки-подароци прима нарачки преку Интернет, преку нејзиниот сајт anicasoleva.com.

Еве уште неколку преубави изработки од хартија од вештите раце на Аница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот