23 години од смртта: Кои биле последните зборови на принцезата Дајана (ФОТО)

Profimedia

Поминаа точно 23 години од смртта на една од најомилените личности од британското кралско семејство, принцезата Дајана.

Околу полноќ на 31 август автомобилот во кој се наоѓала принцезата Дајана, поради неприлагодена брзина и поради возачот кој бил во алкохолизирана состојба, се удрил во еден од столбовите во тунел во Париз. Во истиот момент загинале партнерот на Дајана, Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол.

Profimedia

Единствено телохранителот Тревор Рес-Џонс ја преживеал несреќата, додека Дајана загинала четири часа подоцна во болница.

Во минутите по несреќата, во полусвесна состојба на задното седиште, Џонс вели дека Дајана тивко го довикувала Доди. Таква ја снимиле и папараците кои ги следеле низ цел Париз.

Lady Diana: Princeza čije želje ni nakon smrti nisu ispunjene
Profimedia

И пожарникарот кој прв стигнал на местото на трагедијата ги опишал последните моменти на принцезата Дајана.

Ксавиер Гурмелон открива дека принцезата била при свест кога ја извадил од уништениот автомобил.

„Бевме многу блиску до местото на несреќата и само три минути им беа потребни на членовите од мојот тим да ја извадат Дајана. На неа немаше ни малку крв. Ја фатив за раката за да ја смирам, а таа ме праша: Господе, што се случи? И дадов малку кислород и брзо ја извадивме од возилото.“

Околу еден часот информацијата за несреќата стигнала и до палатата, каде што на Чарлс му е јавено дека Дајана имала сообраќајка, но дека само ја скршила раката.

Преку новинар околу 3.30 часот утрото принцот и кралицата дознале дека Дајана загинала за време на операцијата. Следел хаос. Елизабета му рекла на Чарлс да не ги буди принцовите, туку да им ги каже тажните вести изутрина.

Profimedia

Чарлс бил надвор од себе. Знаел дека јавноста за сè ќе го обвини него и се плашел дека е загрозен и опстанокот на монархијата. Дополнително се ужаснувал од медиумското внимание за неговата љубовница Камила, која го тешела преку телефон. Утрото оваа тажна вест им била соопштена и на децата на Дајана, принцовите Вилијам и Хaри.

Profimedia

Чарлс заедно со сестрите на Дајана со приватен авион отишле во Париз по телото, а кралицата Елизабета и Филип одбиле да се вратат во Лондон.

Погребот бил одржан на 6 септември, а траел повеќе од пет часа. Дури три милиони луѓе биле на улиците на Лондон, а преносот го следеле околу три милијарди луѓе.

Дајана е погребана на имотот на татко и на островот покрај езерото.

Youtube

 

 

View this post on Instagram

 

Running #away from royal duty like… ⚡️ 31 август, 1997: Светот се збогува со омилената принцеза и личноста која потполно го раздрма кралското семејство (но и кралицата на oversized облеката!)… Околу полноќ на 31 август автомобилот во кој се наоѓаше принцезата Дајана, поради неприлагодена брзина и поради возачот кој бил во алкохолизирана состојба, се удри во еден од столбовите во тунел во Париз. Во истиот момент загинале партнерот на Дајана, Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол. ⁣ ⁣ Пред да влезат во автомобилот, Дајана вообичаено пробуваше да се спаси од толпата папараци – по разводот со принцот Чарлс, голем број фото-репортери имаа само една обврска во животот: да го следат секој чекор на Дaјана и да „заслушат“ што поголем хонорар за ексклузивна фотка од таблоидите… Светот ја обожуваше, Дaјана беше невообичаена принцеза која неретко со својата скромност и искреност ја запрепастуваше јавноста.⁣ Никој нема да го заборави тајното интервју за BBC каде принцезата „си ја отвори душата“, а тоа значеше откривање на валкани тајни за кои кралското семејство не беше воопшто расположено да станат познати за јавноста. Светот и веруваше на Дaјана – таа сметаше дека шапките ја прават непристапна. Во една пригода таа изјави: „Не можете да галите и прегрнувате дете со шапка на главата.“ Во британското кралско семејство децата традиционално не се испраќаат во јавни училишта, но принцезата Дaјана инсистираше на тоа.⁣ ⁣ Принцот Вилијам е првиот наследник на трон што се едуцирал во јавно училиште. Кралицата Елизабета очекуваше дека по разводот со нејзиниот син Чарлс, Дaјана конечно ќе исчезне заедно со сите скандали поврзани со неа. Но, по разводот таа водеше исполнет живот како сингл жена и медиумите споделуваа многу повеќе информации за неа, светот сакаше да знае кој е следниот нејзин чекор. Подоцна, почна да се состанува со познати мажи. Највпечатливи беа нејзините фотографии со Доди ал Фаед на одмор во Сен Тропе на неговата јахта. Принцот Вилијам често беше со неа на одморите со Доди. За жал, парот имаше сообраќајна незгода на 31-ви август 1997 година во Париз – и тогаш светот беше сведок на најголемата почит одадена некогаш пред Кензингтонска палата. RIP Princess ?

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

За останатите четива посветени на принцезата Дајана, кликнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот