Станете згодни како Бразилките за само еден месец со оваа најпопуларна диета

instagram

Бразилската диета е една од најпопуларните брзи диети и овозможува експресно губење на тежината.

Бразилската диета постои во две верзии, супер-брза и нормална верзија, но ние се одлучивме за втората. Оваа варијанта на бразилска диета се држи 4 недели и со неа може да се изгубат и до 10 килограми месечно!

Се јаде 4-5 пати на ден, а основните прехранбени производи се главно зеленчук и овошје.

Бразилска диета – седумдневно мени

Понеделник

Појадок : 1 портокал, 1 банана и 1 чаша сок од портокал.

Ужина : 1 чаша сок од портокал и 1 парче тост.

Ручек : 100 гр. варена риба, 100 гр. салата од свеж зеленчук.

Вечера : – исто како и ручекот.

Пред спиење : 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

Вторник

Појадок : 1 меко варени јајца, 1 чаша сок од јаболко.

Ужина : 1 мало парче тост, 1 чаша сок од јаболко.

Ручек : 100 гр. варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата.

Вечера : 200 гр. варена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, зелен грашок (свеж, ако го има, ако не тогаш од конзерва).

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 1 тост.

Среда

Појадок : 1 чаша млеко со малку маснотии, 1 парче тост

Ужина : 100 гр. сирење со ниска масленост.

Ручек : 100 гр. ориз, 150 гр. салата од свежа зелка со прелив од еден лимон и 1 лажица ситно сецкан лист од магдонос.

Вечера : 100 гр. варено месо, 1 јаболко, 4 листови зелена салата

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 1 мало парче тост.

Четврток

Појадок : 1 чаша сок од ананас, 60 гр. од ананас

Ужина : 1 чаша сок од ананас, 1 мало парче тост.

Ручек : 100 гр. варено месо, малку кашкавал и еден портокал.

Вечера : 2 варени компири, 150 гр. салата од свежо рендан морков со малку масло.

Пред спиење : 1 чаша сок од ананас, 1 парче тост.

Петок

Појадок : 1 чаша сок од јаболко и 1 мал тост.

Ужина : 1 јаболко, 1 портокал.

Ручек : 150 гр. варена риба, 2 мали варени моркови.

Вечера : 1 чинија супа од зеленчук (или чинија со крем супа од печурки или чинија рибја чорба), мало парче леб.

Пред спиење : 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

Сабота

Појадок : 1 чаша сок од јаболко, 1 парче тост.

Ужина : 150 гр. варена рендана салата од цвекло со малку растително масло.

Ручек : 1 чинија супа со зеленчук, печурки или рибја чорба, 1 мало парче леб.

Вечера : 100 гр. печурки, 100 гр. салата од свеж зеленчук (по желба)

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 2 свежи бисквити.

Недела

Појадок : 1 банана, 1 грст грозје

Ужина : 1 чаша сок од моркови, 1 мало парче тост.

Ручек : 100 гр. варено месо, 100 гр. салата од свежа зелка, зелен кромид и сок од лимон.

Вечера : 1 чинија зеленчук или рибја супа со печурки, 100 гр. овошје, 4 листови зелена салата.

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 2 суви смокви.

Горенаведеното мени се повторува по потреба од 2 до 4 недели, но не повеќе од тоа. Враќањето на „нормална” храна се постигнува со зголемено консумирање на овошје и зеленчук, а потоа и со благо зголемување на храна која има протеини. Бидејќи оваа диета е богата со овошје и зеленчук, не може да дојде до дефицит на витамини и минерали. Исто така, распоредот на оброците е таков што не би требало да бидете гладни, ниту да имате промени со нивото на шеќерот во крвта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот