Кинеската економија се опоравува- Европа во колапс

Фото: Профимедиа

По епидемијата Кина со јасна перспектива – Европа ги преживува своите најтешки моменти

Во победата на коронавирусот Кина полека се враќа во својата економска форма. Европа пак се соочува со колапс на економскиот систем бидејки е насочена кон растечкиот број на заразени и починати од коронавирусот.

,Бизнис Инсајдер” наведува дека меѓу европските држави Унгарија и Полска се со најслаби економски параметри

Студиите на индустриските активности покажуваат целосно пропаѓање на економијата.

Пандемијата во развој ги урна индексите на набавка илустрирајки го расположението на менаџерите за купување во приватните компании.

Вистинска депресија владее во Унгарија каде показателите го достигнаа историското дно со 29,1 поен. Овие параметри се послаби и од параметрите кои беа забележани за време на светската финансиска криза во фебруари 2009, кога за еден месец, од 37,7 показателите паднаа на 21,2 поени.

Негативно расположение за вложување во индистријата има и во Полска, Чешка и Норвешка. Во другите држави, освен како резултат на пандемијата, негативните  последици се иницирани  и поради ниските цени на нафтата.

Што се однесува до Кина, таму вирусот се повлекува,  и со тоа се врати надежта во економијата. Параметрите покажуваат дека пазарот на труд се вратил на нивото од пред појавата на пандемијата, што му дава дополнителен импулс на брзото економско опоравување. Производствениот сектор полека започнува да го шири производството, наведуваат кинеските економски експерти.

Покрај Кина , економско опоравување може да се забележи и во Тајван, додека, најлошата економска состојба во Азија е регистрирана на Филипините и Вијетнам . Сето ова како резултат на прекинувањето на трговските односи и економските ограничувања воведени поради ширењето на вирусот во регионот.

Што се однесува до Јапонија и Јужна Кореја , овие две економски развиени држави сега се  соочуваат со најлошите економски показатели од глобалната финансиска криза во 2009 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот