Невакцинирано 22-годишно момче од Србија жртва на Ковид-19

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Српскиот епидемиолог др. Бранислав Тиодоровиќ, утрово говореше за состојбата со вакцинирањето во Србија и соопшти дека момче од 22 години кое не било вакцинирано синоќа починало од Ковид-19, пренесува Блиц.рс.

„Синоќа, 22-годишно момче почина од Ковид-19. Тој не бил вакциниран. Преку 92 отсто од хоспитализираните лица не се вакцинирани. Невакцинираните имаат поголема шанса да се заболат со потешка клиничка слика, дури 20 отсто повеќе, затоа почнавме да вакцинираме со трета доза и со неа ќе пробаме да го заштитиме населението“ изјави членот на кризниот штаб на Србија.

Сè уште нема подетални информации за починатото момче.

Тиодоровиќ додаде дека моментално состојбата во Србија со коронавирусот е неповолна.

„Малце подрани, па нè изненади. Очигледно е дека има повеќе фактори што доведоа до раст на бројките. Епидемиолошката состојба е несигурна, со тенденции да биде неповолна“ вели епидемиологот.

Според него, се очекува нова седница на кризниот штаб во секој момент и истакна дека тие имаат заеднички ставови за состојбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот