22-годишниот прилепчанец кој почина од ковид-19 не бил вакциниран и боледувал од дијабетес

Младиот прилепчанец кој денеска почина од ковид-19 имал дијабетес, примал инсулин и не бил вакциниран, соопшти Министерството за здравство.

„Според информациите од установите каде е третиран, 22-годишниот пациент бил пренесен во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ од Прилепската болница со тешка кетоацитоза, pH вредност 6.8, со многу висока гликемија и висока температура од 39 степени. Пациентот боледувал од дијабет тип два и бил на терапија со инсулин. Од прегледот на историјата на пациентот и контактот со лекарите кои го следеле, има податок дека нередовно употребувал инсулин и не одел на контролни прегледи. На рентген при прием му била утврдена билатерална бронхопневмонија, а за време на болничниот престој имал тахикардија“, велат од Министерството за здравство.

22-годишниот прилепчанец е меѓу вкупно 22-ца починати во изминатите 24 часа, од кои шестмина биле целосно вакцинирани. Регистриран е и уште 1.861 новозаразен пациент од 5.446 тестови, од кои 242 се реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот