Ѓукановиќ не исклучува воведување вонредна состојба

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја следи ситуацијата со пандемијата од коронавирусот и согласно тоа ќе презема одредени мерки, кога станува збор за одржување на локалните избори во Тиват на 5 април, но не исклучува можност и за воведување вонредна состојба, соопшти претседателскиот кабинет.

Шефот на државата најави можност во Црна Гора поради Ковид-19 да биде воведена вонредна состојба, која секако ќе ги одложи локалните избори.

Во Црна Гора вонредна состојба прогласува Парламентот на предлог на Советот за одбрана и безбедност. Ако Собранието не е во можност да се состане, одлуката за прогласување вонредна состојба ја носи Советот за одбрана и безбедност, а потоа ја поднесува на потврда во Парламентот, штом ќе биде во можност да се собере.

Во оваа земја досега официјално не е потврден ниту еден случај на зараза со коронавирус, но властите преземаат превентивни мерки, исто како државите во опкружувањето во кои вирусот е веќе идентификуван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот