21 година од насилните протести во Албанија, објавени невидени снимки и фотографии (ВИДЕО+ФОТО)

Балканвеб

Поминаа 21 година од 14 септември 1998 година, дента кога беше нападната албанската Влада и Албанската радио-телевизија од приврзаници на тогашната опозиција и поранешниот претседател Сали Бериша, барајќи оставка од Владата на Фатос Нано.

Сè дојде како револт за убиството на лидерот на Студентското движење, Азем Хајдари.

Во големиот протест против тогашната власт низ улиците на албанскиот главен град избувна насилството. Демонстрантите, предводени од лидерите на Демократската партија, упаднаа во владината зграда, собранието и насилно влегоа во зградата на Албанската национална телевизија, јавува Балканвеб.

Албанските медиуми како потсетување на 21 годишнината од овие настани денеска објавија невидени снимки и фотографии.

Балканвеб
Балканвеб
Балканвеб
Балканвеб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот