2022 ќе биде убедливо најдобра година за овој хороскопски знак, тврдат руските астролози

Фото: Профимедиа

Благодарение на положбата на Јупитер, овој хороскопски знак ќе почувствува големо подобрување на квалитетот на животот. На овој хороскопски знак во текот на 2022 година сè ќе му оди од рака.

Според зборовите на астрологот, оваа година ќе претставува еден вид пресвртница за знакот на Зодијакот – Овен. Експанзивниот Јупитер преминува во вашиот знак на 10 мај првпат во последните 10 години и во тој период неговата активност и влијанието на вашиот знак ќе биде најмоќно, велат руските астролози.

Јупитер се смета за добра планета, поточно за планета на раст и среќни околности. Тој носи храброст за преземање ризици, ги зголемува вашите цели и соништа и така ќе биде сè до 28 октомври.

Како оваа положба на планетите ќе влијае на животот на Овните?

Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и ќе бидете подготвени за нови потфати. Доколку веќе извеснно време размислувате за започнување на сопствен бизнис или промена на работното место, во овој период е идеална прилика за тоа.

Позитивното влијание ќе го почувствувате и на полето на љубовта. Овните кои се во врска ќе живеат во вистинска хармонија, додека оние слободните ќе имаат можност да запознаат интересни личности кои ќе се борат за нивната наклонетост. Нема да мора многу да се трудат оваа година, додворувачите ќе пристигнуваат од сите страни.

Што се однесува до здравјето, и тука ве очекуваат убави вести. Поради поволната положба на Јупитер, ќе бидете поштедени од поголеми здравствени компликации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот