20 знаци кои покажуваат дека сте добра мајка

Profimedia
Фото: Профимедиа

Мајките чувствуваат голем притисок дека мора да бидат „совршени“ како жените во книгите за родителство. Меѓутоа, да се биде добра мајка нема никаква врска со убедувањето на децата да јадат зеленчук или да заспијат во одредено време (иако и тоа е многу важно).

Важно е како се снаоѓате во тешките моменти на родителството. И запаметете, не постои совршена мајка!

Доколку ги забележите овие знаци, бидете сигурни дека сте добра мајка:
1. Детето се смее 90 отсто од времето.
2. Ги дели своите работи со другите деца.
3. Му објаснувате што е погрешно во неговото однесување и поради што би требало да се промени.
4. Детето умее да каже „извини“ и „благодарам“.
5. Неговите потреби се пред вашите.
6. Кога му е тешко доаѓа кај вас да го советувате.
7. Ве бара кога лошо сонува.
8. Секогаш во прегрнува кога излегувате од дома.
9. Сака да го поминува времето со вас.
10. Вашиот тинејџер се срами кога друштвото ќе го види со вас (тоа е само фаза низ која поминува).
11. Прво сте мајка, а потоа пријател.
12. Сопругот/партнерот е горд колку добро се снаоѓате во улога на родител.
13. Кога ќе го истури нешто на подот или случајно ќе ја скрши вашата омилена вазна не се нервирате.
14. Понекогаш ви вели дека ве мрази (и тоa е моментално).
15. Но, секогаш ви зборува дека ве сака.
16. Го поттикнувате талентите и интересите на детето.
17. Ги поправате сопствените грешки
18. Не го критикувате детето за сѐ и сешто и не го категоризирате
19. Детето може да зборува за своите мисли и чувства без страв од осуда или казна.
20. Детето покажува различни емоции пред вас.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот