20 нови имиња за прослава на 20 години на ЕГЗИТ фестивал: Пристигнуваат Асаф Авидан, Артбат, Медуза, Сабатон, Хот Синс 82 и многу други

промо

Веста која пристигна деновиве и потврди дека прославата на две децении на ЕГЗИТ фестивал ќе биде одржана годинава предизвика воодушевување на фестивалските фанови ширум светот и пробуди надеж дека со забрзана вакцинација и почитување на мерките може што поскоро да се види излезот од пандемијата.

Својот глас за прославата на 20 години на најголемиот фестивал во регионов денеска го дадоа уште 20 нови изведувачи, одлучни по сѐ што проживеавме во претходните 14 месеци, обединети да го славиме животот на Петроварадинската тврдина од 8 до 11 јули!

На барање на публиката пристигнуваат „Артбат“ (Artbat), моментно едни од водечките светски електронски изведувачи чиј фан е и големиот Дејвид Гета, потоа одличниот израелски кантавтор Асаф Авидан (Asaf Avidan), хитмејкерите „Медуза“ со преку милијарда слушања на видео и стриминг платформите, тек-хаус мајсторот „Хот Синс 82“ (Hot Since 82) и еден од најголемите европски хеви-метал бендови „Сабатон“ (Sabaton). Во новата силна екипа посебно се истакнуваат и: сопственикот на мегахитот „Breaking Me“, германскиот продуцент и диџеј „Топик“, глобално саканата музичка уметница Амира Медуњанин, како и супер популарното српско електро-рок дуо Буч Кесиди.

Сите тие се придружуваат на претходно објавените хедлајнери, кои ги предводат Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Ерик Приц, Фор Тет, Соломун, Борис Брејча, Пол Калкбренер, Нина Кравиц, Хани Дижон, Метрономи, Шек Вес и многу други.

На неколку бини на фестивалот пристигнува жанровски шареноликиот лајн-ап, кој покажува дека ова лето во Нови Сад повторно ќе пристигнуваат изведувачи и бендови на турнеи. Своите настапи ги потврди и јака регионална екипа, која ја сочинуваат Ида Престер со „Лолобриџида“, Немесис, Драм, Е-Плеј, Дип Стеди и Шајзербитерлемон, како и српската транс постава сочинета од Пион лајв, Имагинариум лајв и диџеите Аквапајп, ДаПис, Мозза и Чед. За полесна организација на друштвата кои ќе доаѓаат на фестивалот, ЕГЗИТ за сите пријатели ја лансираше омилената продажна акција „Купи 4, зграби 5“, во која со четири купени влезници петтата се добива бесплатно.

На Егзитовата прослава пристигнува Асаф Авидан, чија кариера најмногу ја одбележа песната која го освои радискиот етер на цела планета – „One Day / Reckoning Song“. Во вокалот на овој исклучителен уметник се спојуваат разновидни влијанија, а во авторството има докажан огромен хит-потенцијал, кој се чу и во одличните синглови „Over My Head“ и „Different Pulses“. На почетокот на кариерата беше дел од групата „Асаф Авидан енд д Моџос“, чиј деби-албум „The Reckoning“ стана еден од напродаваните независни изданија во Израел. Украинскиот диџејски тандем Артбат за само неколку години успеа да го изгради патот до врвот на сите музички листи и во моментов е меѓу најпродаваните артисти на „Битпорт“ листите во жанровите мелодичен хаус и техно. За нивната трака во соработка со британското диџејско дуо КамелФат (CamelPhat) – „For A Feeling“ Дејвид Гета кажа дека е најдобрата која ја чул во 2020 година. Првиот и најпопуларен сингл на италијанскиот продуцентски состав „Медуза“, „Piece of Your Heart“, реализиран во соработка со триото „Гудбојс“, беше номиниран за „Греми“, прогласен за музичка химна на „Би-би-си радио 1“ и достигна платинест тираж во Велика Британија, Австралија и низа други земји. По овој хит следуваа исклучително успешните синглови „Lose Control”, „Born To Love“ и „Paradise“. Бендот Сабатон во својата дведецениска кариера брои девет студиски албуми, сопствен фестивал во Шведска, платинеста продажба, награди и голем број настапи ширум светот. Енергичните и живописни настапи во живо се големиот адут на оваа група која се вбројува меѓу најголемите хеви-метал имиња на денешницата. „Хот Синс 82“ е еден од најуспешните британски диџеи и продуценти и хедлајнер на најголемите електронски бини, додека неговата музика ја карактеризираат описи како „најсофистицираната во Велика Британија“. Во Нови Сад се враќа по одличниот настап на ланскиот „Лајф Стрим“.

20-ГОДИШНИНА НА ЕГЗИТ ФЕСТИВАЛ
Големата прослава на 20-годишнината на ЕГЗИТ фестивал ќе се одржи од 8 до 11 јули 2021 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, а своите настапи на овој настан веќе ги потврдија некои од најголемите светски и регионални имиња. Сите детали во врска со влезот на фестивалот ќе бидат навремено објавени на официјалниот сајт на Егзит и во склад со идните епидемиолошки мерки на Владата на Република Србија.
ВЛЕЗНИЦИ
Во продажба моментно се наоѓа ограничен контингент влезници за EXIT фестивал 2021. по промотивна цена од 3.950 денари, и со заштеда од 40 % во однос на финалната цена. Влезниците може да се набават преку карти.ком.мк. Сите влезници купени за изданието во 2020 година важат за влез на овогодишниот фестивал.
Веќе е покрената и популарната акција „Купи 4, зграби 5“, која ќе биде достапна до истек на многу ограничената залиха.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот