20 гран слем титули е достижна цел за Ѓоковиќ

Марјан Вајда е тренерот кој успеа да го направи Новак Ѓоковиќ еден од најдобрите тенисери во историјата. Во нивната заедничка соработка, Ѓоковиќ освои дури 16 гран слем титули и заедно со Рожер Федерер и Рафаел Надал се најдоминантното трио во историјата на тенисот.
Последниот трофеј, Новак Ѓоковиќ го освои во неделата победувајќи го во историското финале, Рожер Федерер со 3:2 во сетови.

– Ова е апсолутно специјална победа, тоа беше навистина епско финале. Можам да кажам дека никој не сакаше да загуби, двајца големи шампиони играа еден против друг и тоа мораше да биде нешто неверојатно. На крајот Новак спаси две меч топки и потоа успеа во тај брејкот во петтиот сет да победи. Ова победа покажа колку Новак е ментално силен, да играш против еден од најдобрите тенисери во историјата и да ја имаш публиката против себе, но на крајот успеа да победи – вели Вајда.

Со триумфот на Вимблдон, српскиот тенисер дојде до бројката од 16 освоени гран слем турнири, два помалку од Рафаел Надал и четири од Федерер, но за Новак работи времето. Тој е една година помлад од Надал кого го мачат повредите со коленото, додека од Федерер е помлад дури пет години. Вајда смета дека бројката од 20 гран слем титули е достижна за првиот тенисер на АТП ранг листата.

– Бројката од 20 гран слем титула е апсолутно достижна цел за Новак. Од друга страна, најтешко се освојуваат титулите на гран слем турнирри. Новак си постави цел да стигне до таа бројка, физички се наоѓа во одлична состојба, исто така и на психички план е неверојатно силен – додава Вајда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот