20 години од влезот на НАТО на Косово

Косово денеска ја прославува 20 годишнината од влезот на НАТО силите. По овој повод во Приштина веќе пристигнаа поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт, а се очекува да пристигне и поранешниот командант на НАТО силите во Европа, генералот Весли Кларк.

Влезот на силите на НАТО во Косово се случи по договор кој се потпиша во Куманово, меѓу српски официјални лица и претставниците на НАТО, предводени во тоа време од британксиот генерал Мајк Џексон.

Косовските медиуми потесетуваат дека со овој договор Србија беше принудена да ги повлече сите нејзини полициски и воени сили од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот