20 години била зависна од хероин, по една година лекување таа е непрепознатлива (ФОТО)
Поранешата наркоманка Мишел Валас консумирала хероин полни 20 години, а таа се појави и во Џереми Кајл Шоуто каде ги шокираше гледачите со својот испиен изглед.
Таа призна дека е зависна и дека се занимава со проституција, но една година подоцна на социјалната мрежа Тик Ток покажа како изгледа денес и луѓето не можат да поверуваат колку таа се променила.
Наместо слабиот, испиен изглед и сивата кожа, Мишел денес изгледа сосема полно, поздраво и поскреќно.
„Пред една година, по појавувањето во шоуто отидов на рехабилитација и на 01.12.2019 ќе наполнам една година како сум чиста“, објасни таа.
Џереми Кајл Шоуто, инаку, е прекинато во мај оваа година откако еден гостин по гостувањето во ова шоу извршил самоубиство. Набрзо потоа во медиумите излезе и еден од поранешните продуценти на шоуто и откри што се случувало во студиото додека камерите биле угасени.
Наводно на учесниците и оние кои раскажувале за својот трагичен живот им се нуделе алкохол, дрога и слични супстанци, со цел шоуто да е потрогателно и нормално погледано.