20 дена по нејзиното исчезнување: Фотографија од Марија се најде на листата на МВР за исчезнати лица

Фотографија од Марија Брзакова од струмичкото село Босилово вчера, 20 дена по нејзиното исчезнување, се најде на листата на исчезнати лица на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.

Како што веќе пишуваше „Слободен печат“, Брзакова исчезна на 18 јануари, а нејзиниот сопруг пријави дека не се вратила дома три дена подоцна. Марија заедно со сопругот и својата ќерка живееле во Швајцарија, а кога исчезна биле дојдени во Македонија.

Каде отишла младата мајка, засега никој не знае. Засега само се знае дека таа утрото кога излегла од својот дом, Марија била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг. Марија е по потекло од соседното село Турново. Таа е мајка на четиригодишна ќеркичка.

Ниту нејзиното семејство, ниту истражните органи не отркиваат повеќе детали за овој случај, освен дека се трага по Брзакова.

Зошто исчезнувањето на Марија се држи во строга тајност?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот