1ТВ слави една година постоење со хуманитарна донација наместо огномети

1ТВ денеска слави една година постоење, со пригодна свеченост која се одржува во Македонската филхармонија.

По тој повод, сопственикот Бојан Јовановски донираше сума од 5.000 евра за лечењето на тригодишната Васвије, која има тумор на мозокот и треба да се оперира во приватна клиника, а потоа и да започне со хемотерапија.

– Парите наместо за огномет, одлучивме да ги донираме за лечењето на Васвије – рече Јовановски во своето обраќање до присутните гости во Македонската филхармонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот