1МФЛ: Вардар во Струмица ја обезбеди есенската титула

Шанса за уште поголема предност во генералниот пласман играчите на Васоски пред паузата ќе има во последното коло, наредниот викенд, кога во Скопје гостува екипата на Шкендија, како дерби на колото.

Вардар против Академија Пандев на стадионот „Младост“ во Струмица после првото полувреме имаше предност од 0:1, во 11.минута, одлично нафрлување на Тошевски од десната страна, а на вториот дирек Аврамовски од само неколку метри со глава смести во мрежата на домашните.

Зголемувањето на предноста се случи во 69. минута, а Даниел Аврамовски уште еднаш покажа класа. Одлична асистенција на Ибиши до Аврамовски кој од непосредна близина ниско по земја погодува за водство од 0:2.

До крајот на дуелот мрежата на „пандевци“ уште еднаш се тресеше, во 87. минута печат на победата стави Владица Брдаровски кој после едно одлично проигрување од Аврамовски, по десната страна изби очи во очи со домашниот голман кој и по третпат беше „матиран“.

Прочитајте и...  Љоренте го исфрли Ливерпул од ЛШ, а сега му става сол на раната (ФОТО) 

Шкендија го искористи новиот пораз на Академија Пандев и се искачи на втората позиција на табелата после убедливата победа дома над Шкупи.

Клубот од Тетово дојде до трите бода против својот поранешен тренер Ќатип Османи благодарение на Б. Ибраими и Жуниор кои по двапати се запишаа во листата на стрелците.

Хрватскиот интернационалец му донесе триумф на велешкиот Борец против Ренова, а Работнички ремизираше со Силекс.

„Романтичарите“ водеа од 14. минута со погодокот на Србинот Марковиќ, но во 61. минута неговиот сонародник Ѓуриќ му донесе бод на составот од Кратово.

Прва македонска фудбалска лига

Резултати, 17. коло –

Сабота:
Македонија ЃП-Струга Трим Лум 1:1

Недела:
Академија Пандев-Вардар 0:3
Борец-Ренова 1:0
Работнички-Силекс 1:1
Шкендија-Шкупи 4:0

Прочитајте и...  Нејмар со големо срце, анонимно донира милион долари

Табела:

1.Вардар 35 бодови
2.Шкендија 27
3.Академија Пандев 27
4.Силекс 24
5.Македонија ЃП 23
6.Струга Трим Лум 23
7.Шкупи 22
8.Борец 19
9.Ренова 16
10.Работнички 15

Прочитај повеќе

Ливерпул со еден потег стана најомразен клуб во Англија

Слободен печат

Фудбалерите во Премиер лигата одбиваат намалување на платите

Слободен печат

Белгијците се пишманат за прекинот на првенството по заканите од УЕФА

Слободен печат

Дибала се пофали дека е излечен од коронавирус, повторениот тест вели поинаку

Слободен печат

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Фудбалерите на Волфсбург помагаат во супермаркет (ВИДЕО)

Слободен печат

ЛЕГЕНДА: Таткото го потстрижа синот како Роналдо, реакцијата е урнебесна (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тајсон од боксерски шампион стана крал на марихуаната, заработува милион долари месечно

Слободен печат

Петиција за титулата во Серија А да и припадне на Аталанта

Слободен печат

Брајант се мотивирал така што носел слика со себе од својот противник

Слободен печат

НЕВЕРОЈАТНО: Обложувалници измислиле фудбалски натпревари и заработиле богатство

Слободен печат

Најлошите тетоважи на спортистите (ФОТО)

Слободен печат

Откриено зашто е уапсен Пријовиќ, не го прекршил полицискиот час

Слободен печат