1МФЛ: Вардар осамен на врвот, прв пораз на Академија Пандев!

facebook.com/fkakademijapandev

Денеска се комплетираше осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, во дербито Вардар пред своите гледачи ја совлада екипата на Академија Пандев со 1:0.

Голот вреден три бода беше постигнат во 38 минута од пенал. Пред голот на „пандевци“, Жуниор скокна и беше фаулиран од Јованов. Одговорноста за ударот од белата точка ја имаше Даниел Аврамовски кој биеше прецизно во средината.

Во другите мечеви, Ренова беше подобра од Борец со 2:1, поведе домаќинот со погодокот на Селмани (16` минута), па израмни Христов (83`), а четири минути подоцна трите бода за „гипсарите“ ги обезбеди Гафури.

Силекс славепе со 1:0 над Работнички благодарение на голот на српскиот интернационалец Зеравица (26`), а Македонија ЃП преку Божиновски кој двапати се запиша во листата на стрелците (22`, 62` минута) триумфираше на гостувањето кај Струга Трим Лум.

На табелата води Вардар со 19 бодови, четири повеќе од Академија Пандев, а на третата позиција е Македонија ЃП со 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот