1МФЛ: Вардар ја брка првата победа против Македонија ЃП!

фото: фк вардар

Дербито овој викенд е во Струмица, „пандевци“ се домаќини на Шкендија, додека Работнички ќе има за цел да обезбеди опстанок.

Викендов продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига со натпреварите од 19. коло за старт на пролетниот дел од сезоната после кој ќе се дознае и шампионот за сезоната 2019/20.

Денеска имаме еден меч на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 14.00 часот лидерот во генералниот пласман Вардар ќе биде домаќин на екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Инаку сезонава Вардар и натаму ја бара првата победа над својот противник. Во првиот меч сезонава Македонија ЃП победи со 0:2, додека вториот меч во Ѓорче Петров заврши без победник 1:1.

Дербито на првенствената рунда ќе се игра в недела од 13.00 часот на Стадионот „Младост“ во Струмица каде што Академија Пандев пред своите навивачи ќе ги одмери силите против Шкендија.

Силекс ќе се обиде да го продолжи патот кон позициите кои водат во Европа, а целта на Работнички кој е на дното на табелата има за задача да обезбеди опстанок.

Прва лига
19. коло, двојки

Сабота –
14.00 часот Вардар-Македонија ЃП

Недела –

13.00 часот Академија Пандев-Шкендија
14.00 часот Шкупи-Борец
14.00 часот Ренова-Силекс
14.00 часот Струга Трим Лум-Работнички

Табела:
1. Вардар 36 бодови
2. Шкендија 28
3. Академија Пандев 27
4. Силекс 27
5. Македонија ЃП 26
6. Струга Трим Лум 24
7. Шкупи 22
8. Борец 20
9. Ренова 19
10.Работнички 15

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот