1МФЛ: Струга во последното коло обезбеди пласман во Европа

Фото: facebook.com/fcshkendija/

Екипата на Струга ТЛ во последното коло во првата фудбалска лига обезбеди пласман во европските купови, односно во квалификациите за новоформираната Конференциска лига. Стружани во последното коло како гости го совладаа Силекс со 0:1, а голот кој ги однесе во Европа го постигна Јахја во 67 минута.
Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар со пораз ја заврши сезоната и се сели во втората лига.Вардарци загубија до 0:2 од Македонија ЃП која остана без пласман во Европа.
Новиот шампион Шкендија ремизираше со Шкупи 1:1, а идентичен резултат беше и на средбата помеѓу Ренова – Работнички.

Резултати:
А. Пандев – Борец 3:1
Пелистер 2:0
Ренова – Работнички 1:1
Шкендија – Шкупи 1:1
Силекс – Струга ТЛ 0:1
Вардар – Македонија ЃП 0:2

Табела: Шкендија 75, Шкупи 59, Струга ТЛ 57, Македонија ЃП 55, Работнички 48, Пелистер 45, А. Пандев 41, Борец 40, Силекс 36, Ренова 36, Вардар 31, Беласица 17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот